Повеќе од еден милион случаи на заразени со ковид-19 се пријавени досега во земји – од Непал до Никарагва.
Бројот на случаи се зголемува, а пациенти ги преплавуваат болниците, па прашањето е – има ли место на земјата каде нема заразени од новиот коронавирус?
Можеби изненадувачки, одговорот е „да“, јави Би-би-си.
Од 193 земји-членки на ОН, до 2 април 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19, јави Би-Би-Си, кои ги користат податоците од универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Тие 18 држави се: Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен