На списокот за рестрикции се најдоа неколку институти при руското Министерство за одбрана, кои, наводно, се осомничени дека работат на хемиско и биолошко оружје
Вашингтон додаде неколку институти за истражување при руското Министерство за одбрана на списокот за санкции, објави на својата веб-страница Министерството за трговија на САД.
Документот го објави Канцеларијата за индустрија и безбедност на веб-страницата на Федералниот регистар.
Овие организации се осомничени дека работат на хемиско и биолошко оружје, пренесува БГНЕС.
Наметнати се рестриктивни мерки за 33. Централен институт за научно истражување, 48. Централен институт за научно истражување во Киров, Сергиев Посад и Екатеринбург, како и за Државниот истражувачки институт за органска хемија и технологија при Министерството за индустрија и трговија.
Во јуни, 48. Централен институт за истражување ја тестираше руската вакцина против коронавирус за токсичност, безбедност, имуногеност и заштитна ефикасност. Првиот човек на Центарот „Гамалеја“, каде што се разви вакцината, се заблагодари на раководството и персоналот на Институтот за плодната и квалитетна работа.
Вклучувањето на овие организации во списоците на американскиот Министерство за трговија значи дека американските власти наметнуваат ограничувања на извозот, реизвозот и трансферите на стоки во согласност со постојните регулативи на лица и организации што претставуваат ризик за националната безбедност и интересите на надворешната политика на САД.