Американското Министерство за финансии воведе санкции и против Алтернативна телевизија од Бања Лука, која е поврзана со семејствотот на српскиот член на Претседателството на БиХ
Американското Министерство за финансии обајви проширени санкции кои го опфаќаат и српскиот претставник на тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.
Санкции за дела поврзани со корупција се воведени и против Алтернативна телевизија од Бања Лука која е поврзано со семејствотот на Додик.
Според соопштението, Додик ја искористил својата службена положба за собирање лично богатство преку мито и други облици на корупција.
„Неговата поделена етно-националистичка реторика ги одразува неговите напори да ги унапреди овие политички цели и да го одвлече вниманието од неговите коруптивни активности. Овие акции ја загрозуваат стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор, со што се загрозува пошироката регионална стабилност“
се вели во соопштението на Министерство за финанции на САД.
Претходно, министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина,Бисера Турковиќ најави санкции против Додик. Таа рече дека постои усогласен став на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија и дека тоа нема да биде крајот, туку само почеток на воведувањето на санкциите.
Кон крајот на минатата година, американскиот државен секретар Антони Блинкен објави дека САД, кои посредуваа во постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина во 1995 година, може да воведат санкции за оние кои се обидуваат еднострано да се повлечат од државните институции или да го дестабилизираат договорот.