Бајден, пак, денеска не даде конкретен коментар за случувањата во Јужна Кореја, велејќи дека треба да биде целосно информиран за целата состојба
Јужнокорејскиот претседател не ги известил однапред Соединетите Американски Држави (САД) дека ќе прогласи воена состојба во државата, информира портпаролот на Белата куќа, пренесува Си-ен-ен.

„Вашингтон е сериозно загрижен за случувањата во Јужна Кореја, а администрацијата на претседателот Џо Бајден стапи во контакт со јужнокорејкста влада и ја следи состојбата“,
рече тој.
Бајден, пак, денеска не даде конкретен коментар за случувањата во Јужна Кореја, велејќи дека треба да биде целосно информиран за целата состојба.
„Само што ме информираа за случувањата во Јужна Кореја“,
рече тој.
Заменик-државниот секретар на САД, Курт Кембел, рече дека го следат развојот на настаните во Јужна Кореја со голема загриженост.
„Нашиот сојуз со Јужна Кореја е силен. Стоиме покрај неа и во нивното време на неизвесност“,
вели Кембел.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол денеска прогласи итна воена состојба, велејќи дека овој потег е неопходен за да се заштити земјата од комунистичките сили, а опозицијата ја обвини дека го контролира парламентот.
Полицијата е распоредена на влезот на зградата на Националното собрание во Сеул и со штитови спречува неколку пратеници да влезат во Собранието.
Додека се одвиваат судирите пред зградата на парламентот, пратениците одржаа седница на која гласаа за вонредната состојба што ја прогласи јужнокорејскиот претседател.
Парламентот гласаше за блокирање на тој проглас, а претседателот на парламентот го прогласи за неважечки.