Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва
САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.
Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.
„Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина“,
рече Метју Милер.
Тој укажа дека Москва не дава значење на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат.
„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“,
рече портпаролот на Стејт департментот.
Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, „Исламската држава – Хорасан“ (ИСИС-К).
„Исламска држава“ објави фотографија од терористите што извршија напад во Москва
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со украински националисти.
САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.
Зеленски: Путин молчеше цел ден за нападот во Москва за да размисли како да го поврзе со Украина