САД станаа првата земја на светот во која бројката на заразени лица со коронавирусот надмина 200 000.
Според последните бројки на статистичкиот портал „Ворлдометар“, таму се регистрирани нови 20 485 заразени, со што вкупната бројка сега изнесува 209 015.
Бројот на нови смртни случаи, пак, изнесува 604, додека вкупниот е 4 657.
На последниот брифинг за состојбите со коронавирусот, од Белата куќа излегоа со прогноза дека во САД бројката на мртви ќе биде помеѓу 100 000 и 240 000, па затоа претседателот Доналд Трамп им порача на Американците да бидат спремни за тешките денови кои доаѓаат.
„Ова ќе бида многу, многу тешки две недели“, рече Трамп.
Втора на листата на „Ворлдометар“, според бројот на заразени е Италија со 110 574 случаи.
Италија е прва според бројот на мртви, 13 155 од кои 727 се во последните 24 часа.
Следна на листата е Шпанија со 102 179 заразени лица. Бројката на жртви изнесува 9 131 од кои 667 во последното деноќие.