Неколку држави од САД почнуваат со олабавување на мерките преземени против ширењето на коронавирусот.
Гувернерите на Флорида и Јужна Каролина веќе наредија отворање на крајбрежни зони како паркови и плажи за некои активноста како риболов, пливање или шетање на миленичиња во одреден период од денот, со строго запазување на физичко растојание. Слично е и во Минесота и Тексас.
*Поврзана вест: Србија од утре ги ублажува мерките против ковид-19
Во Џексонвил, Флорида, илјадници љубители на сончањето ги посетија плажите викендов, што предизвика критики по социјалните мрежи.
Монтана пак планира да започне со отварање на одредени бизниси на 24 април. Њујорк во саботата ги отвори јахтинг клубовите и пристаништата за рекреативна употреба. Државата објави правила за отварање на голф клубовите. Охајо ќе објави план за „постепено“ отварање на 1 мај.
*Поврзана вест: На плажите во Италија почнуваат да се местат лежалки, на три метри растојание
Сепак, бизнисите и училиштата на голем дел од територијата на САД остануваат затворени.
Во десетина градови ова предизвика протести против гувернерите и нивните мерки за останување дома и физичка дистанца. Протестите главно се предводени од поддржувачи на претседателот Доналд Трамп, кои се жалат за нарушени човекови права.
На брифингот синоќа, Трамп изјави дека некои гувернери отишле предалеку со забраните, и дека луѓето имаат право да протестираат.
*Поврзана вест: По еден месец забрана, Словенија ги отвори продавниците
„Сето ова на крајот нема да има значење, кога државите ќе почнат да го обнувуваат социјално-економскот живот“,
изјави Трамп.
Гувернерот на Мериленд, Лари Хоган, републиканец, синоќа изјави дека е против тоа да се испраќаат противречни пораки дека треба да се игнорираат федералната политика и федералните препораки.
Гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, демократ, пак смета дека повикот на Трамп за отварање на државите е опасен.
И од СЗО укажаа дека државите треба да бидат внимателни и постепено да ги олабавуваат рестрикциите.
*Поврзана вест: Директорот на СЗО предупредува дека ублажувањето на рестрикциите не значи крај на епидемијата
Во меѓувреме, Конгресот и Белата куќа се близу до договор за нов пакет помош во висина од околу 450 милијарди долари за малите бизниси.
Во светот, бројот на потврдени случаи на заболеност од коронавирус надмина 2.4 милиони. Речиси една третина од оваа бројка, или 760 илјади, се во САД, каде досега од болеста ковид-19 починаа над 40 илјади луѓе.