Сопствениците на некои плажи во Италија почнуваат местат лежалки во пресрет на новата летна туристичка сезона, јавува МИА.
Согласно препораките за физичка дистанца, лежалките и чадорите за сонце се на растојание од три метри, а се направени и посебни коридори за оние што ќе сакаат да влезат и да се искапат во море.
За летната сезона се подготвуваат и хотелиерите, кои најавија дека оваа година ќе биде различна од претходната, секако поради епидемијата на новиот коронавирус.
И покрај тоа што се свесни дека приходите од туризмот ќе бидат далеку под ланските, туристичките работниците се надеваат дека ќе можат сепак да остварат некаква добивка, најмногу од домашни туристи.
Во пресрет на најавеното ублажување на рестрикциите во повеќе европски земји, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европејците ќе најдат „паметни решенија“ кои ќе им овозможат да одат на годишен одмор, и покрај пандемијата на коронавирусот.