ФДА, во своето одобрување за итна употреба на вакцината „Фајзер/Бионтек“ за деца на возраст од пет до 11 години, препорача помали дози од оние што се даваат на возрасни и тинејџери односно една третина од дозата за возрасните
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) синоќа препорача вакцинирање на деца против ковид-19 од пет до 11 години со вакцината на „Фајзер/Бионтек“, што беше последниот чекор за започнување на кампањата за вакцинација на оваа возрасна група.
Право на вакцинирање имаат 28 милиони деца на таа возраст во САД.
Препораката на американскиот ЦДЦ доаѓа откако неодамна Американската агенција за лекови (ФДА) ја одобри вакцината за оваа група.
Децата ќе ја примаат вакцината во две дози како возрасни,
ФДА, во своето одобрување за итна употреба на вакцината „Фајзер/Бионтек“ за деца на возраст од пет до 11 години, препорача помали дози од оние што се даваат на возрасни и тинејџери односно една третина од дозата за возрасните. Тоа значи дека децата ќе ја примаат вакцината по 10 микрограми по инјекција, додека за возрасните е 30 микрограми.
Здравствените институции во САД претходно соопштија дека вакцината против ковид од „Фајзер/Бионтек“ се покажала како 90,7 проценти ефикасна во спречувањето на ковид-19 кај децата. Студијата, која опфати повеќе од 4 600 деца, не откри сериозни несакани ефекти.