Таблетите „ковид-19“, кои ќе се користат за ублажување на симптомите од инфекцијата, се во развој и може да започнат да се користат до крајот на годината, во зависност од клиничките испитувања
Средствата во висина од 3,2 милијарди долари ќе ги забрзаат овие клинички испитувања и ќе обезбедат дополнителна поддршка за истражување, развој и производство на приватниот сектор
САД ќе инвестираат 3,2 милијарди долари за да го поттикнат развојот на антивирусни таблети за ковид-19 и други опасни вируси кои можат да предзвикаат пандемии.
Главниот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, денеска во своето обраќање во Белата куќа ја објави оваа инвестиција во рамките на новата „антивирусна програма за пандемии“. Програмата е насочена кон развој на лекови за симптоми предизвикани од потенцијално опасни вируси како што е коронавирусот.
Таблетите „ковид-19“, кои ќе се користат за ублажување на симптомите од инфекцијата, се во развој и може да започнат да се користат до крајот на годината, во зависност од клиничките испитувања. Средствата ќе ги забрзаат овие клинички испитувања и ќе обезбедат дополнителна поддршка за истражување, развој и производство на приватниот сектор.
Фаучи рече дека преку новата програма ќе се инвестира во забрзување на работите што веќе се во тек за ковид-19, но и за работа на нови иновативни терапии за други вируси.
„Постојат неколку лекови за многу вируси кои имаат пандемски потенцијал“,
рече Фаучи, но додаде дека вакцините остануваат клучни во арсеналот на САД против оваа болест.
САД досега одобрија еден антивирусен лек, „ремдесивир“, против ковид-19 и дозволија итна употреба на три комбинации на антитела кои му помагаат на имунитетот да се бори против вирусот. Сепак, сите лекови мора да се даваат интравенски во болници или клиники, а побарувачката е мала поради овие бариери.
Здравствените власти, вклучително и Фаучи, бараат поедноставни лекови во форма на апчиња што пациентите би можеле да ги земат сами. Некои производители на лекови тестираат такви лекови, но првите резултати се очекуваат за неколку месеци.
Сега достапните лекови им помагаат на пациентите да избегнат хоспитализација или да го скратат времето на опоравување за неколку дена.
За време на мандатот на Доналд Трамп, САД вложија повеќе од 19 милијарди долари во брзиот развој на неколку вакцини. Но, помалку од половина од таа сума беше наменета за развој на нови лекови.