Во соопштението на Пентагон се наведува дека оваа помош сведочи за одлучноста на САД да продолжат да ја поддржуваат Украина обезбедувајќи ѝ ресурси како што се системи за противвоздушна одбрана и муниција на краток рок и со зајакнување на нејзините одбранбени способности подолг временски период
Соединетите Држави во вторникот објавија дека ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,2 милијарда американски долари.
Во соопштението на Пентагон се наведува дека оваа помош сведочи за одлучноста на САД да продолжат да ја поддржуваат Украина обезбедувајќи и ресурси како што се системи за противвоздушна одбрана и муниција на краток рок и со зајакнување на нејзините одбранбени способности подолг временски период.
Не се наведува за каков тип противвоздушен систем се работи, но се знае дека муницијата е наменета за формации за пресретнување на беспилотни летала.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави потегот на Вашингтон, велејќи дека неговата земја го цени овој знак на солидарност покажан на симболичниот ден за нив – Денот на Европа и Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна.
„Заедно одиме кон нова победа“,
рече тој.
Американското Министерство за одбрана објави дека новиот пакет помош првенствено ќе се фокусира на снабдување на Украина со артилериска муниција, но и на противвоздушна одбрана.
Украина постојано упатува повици до Западот за снабдување со дополнителни количества оклопни возила, артилериско оружје, муниција, како и борбени авиони и системи со долг дострел.
По оваа нова пратка, вкупната вредност на американската воена помош за Украина од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година се зголемува на 36 милијарди долари.