„Оваа одлука следи по темелен преглед на положбата на силите на Министерството во Европа и е во знак на прилагодување во однос на барањата и условите на терен. Очекуваме повлекувањето да биде завршено во текот на следните шест до 12 месеци“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, пренесе Би-би-си
Инаку, Соединетите Држави, како што потсетуваат светските медиуми, имаат значително воено присуство во Греманија, каде се стационари повеќе од 36 000 активни војници, распоредени во бази низ целата земја
Пентагон планира да повлече 5 000 американски војници од Германија, а одлуката, како што пренесува Би-би-си, доаѓа по отворените несогласувања меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп и германскиот канцелар, Фридрих Мерц околу војната со Иран.

Информациите од Министерството за одбрана на САД, следуваат еден ден откако Трамп упати критики до германскиот канцелар, кој изјави дека САД биле понижени од иранските преговарачи во обидите да се изнајде рамка што ќе доведе прекин на непријателствата меѓу двете земји.
Во неколку објави на социјалните мрежи во четвртокот, Трамп напиша дека Мерц „врши ужасна работа и оти има проблеми од секаков вид, вкучително и со прашањата околу имиграцијата и енергетската политика. Освен од Германија, Трамп предложи повлекување на американските трупи и од Италија и од Шпанија.
Инаку, Соединетите Држави, како што потсетуваат светските медиуми, имаат значително воено присуство во Греманија, каде се стационари повеќе од 36 000 активни војници, распоредени во бази низ целата земја.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, соопшти дека наредбата за повлекување на 5 000 војници од Германија дошла од министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет.
„Оваа одлука следи по темелен преглед на положбата на силите на Министерството во Европа и е во знак на прилагодување во однос на барањата и условите на терен. Очекуваме повлекувањето да биде завршено во текот на следните шест до 12 месеци“,
рече тој, пренесува Би-би-си.
Американскиот претседател, кој постојано ја критикува НАТО-алијансата, односно ги напаѓа европските сојузници на САД во одбранбениот сојуз, поради нивното одбивање да учестуваат во операциите за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој остана ефективно затворен по американско-изралеските напади врз Иран на 28 февруари.
Одговарајќи на новинарско прашање во четвртокот, дали би размислил и за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија, Трамп рече дека веројатно ќе го направи тоа.
„Видете, зошто не би требало да го направам тоа? Италија не ни беше од никаква помош, а Шпанија беше ужасна. Во сите случаи ти рекоа: ‘Не сакаме да се мешаме’“,
рече американскиот претседател.
Германскиот канцелар говорејќи на настан пред студенти претходно оваа недела кажа дека САД очигледно немаат стратегија во однос на Иран и оти не може да види никаков стратешки излез што администрацијата во Вашинготн би можела да го избере за решавање на ситуацијата.
„Иранците очигледно се многу вешти во преговорите, или поточно, се многу вешти во тоа да не преговараат, дозволувајќи им на Американците да патуваат во Исламабад, а потоа повторно да си заминат без никаков резултат“,
рече Мерц.
Тој, во таа насока, додаде, дека целата американска нација е понижена од иранското раководството.
Како одговор на ваквите негови наводи, на својата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) се огласи американскиот претседател, меѓу другото наведувајќи, дека Мерц смета дека е во ред Иран да поседува нуклеарно оружје, притоа додавајќи дека германскиот канцелар не знае што зборува.
Британскиот национален сервис наведува дека контактирал со германската амбасада во Вашингтон за коментар за најавеното повлекување на американски војници, но, оттаму засега не пристигнал одговор.
