Во време кога Соединетите Американски Држави работат понапорно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарно оружје, Кина го прави спротивното…Брзото и нетранспарентно акумулирање на нуклеарно оружје предизвикува голема загриженост во регионот и во светот“, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент
Пекинг го опиша тестирањето како рутинска воена вежба, порачувајќи им на странските земји да не претеруваат со своите реакции и интерпретации за активностите на кинеската армија
Кина изврши тестирање на балистичка ракета со долг дострел, способна да носи нуклеарна боева глава, потег што веднаш наиде на остри реакции од Соединетите Американски Држави (САД), Австралија и Нов Зеланд, кои го обвинија Пекинг за дестабилизирање на регионот, пишува „Гардијан“.

Тестирањето беше извршено вчера, при што ракетата наводно прелетала илјадници километри низ Пацификот, пред да падне, како што се верува, во водите меѓу островски држави во Тихиот Океан – Науру и Тувалу.
Пекинг го опиша тестирањето како рутинска воена вежба, порачувајќи им на странските земји да не претеруваат со своите реакции и интерпретации за активностите на кинеската армија.
Сепак, вежбата предизвика загриженост. Имено, Соединетите Држави и Австралија, кои традиционално имаат влијание во регионот, стануваат сè позагрижени поради, како што наведува „Гардијан“, притисокот на Кина за зголемување на своето влијание во Пацификот, особено настојувањата на Пекинг за проширување на своите воени и нуклеарни капацитети.
Соседите од регионот реагираат дека не добиле доволно известување и информации за тестирањето и дека не е јасно дали САД биле известени.
„Кина е добар пријател на Соломонските Острови, но ова не е нешто што го прави пријател“,
изјавил Метју Вејл, премиер на Соломонските Острови, Метју Вејл, земја која со години е еден од најблиските партнери на Кина во Јужниот Пацифик.
Соединетите Американски Држави го критикуваа тестот на Кина на балистичка ракета способна за нуклеарна бомба во Тихиот Океан.
Со реакција за тестирањето на бластичка ракета со долг дострел излезе американскиот Стејт департмент од каде велат дека Кина се однесува спротивно во однос на заложбите за запирање на ширењето на нуклеарното оружје.
„Во време кога Соединетите Американски Држави работат понапорно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарно оружје, Кина го прави спротивното…Брзото и нетранспарентно акумулирање на нуклеарно оружје предизвикува голема загриженост во регионот и во светот“,
се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Инаку, кинеската војска соопшти дека вчера успешно тестирала ракета што носела лажна боева глава од подморница, опишувајќи го лансирањето како рутинска вежба.
Се верува дека ракетата слетала помеѓу Науру и Тувалу, според мапата објавена на социјалната палтформа Икс од страна на генералниот секретар на Советот за национална безбедност на Тајван, Џозеф Ву.
The #PRC tested a JL2 #SLBM flying over the #Philippines moments ago. It’s a provocation that destabilizes the #IndoPacific. #China just proved itself again to be a bully on the block. pic.twitter.com/dOUbLBclmh
— Joseph Wu (@josephwutw) July 6, 2026
САД ја повикаа Кина да продолжи да биде дел од значајните дискусии за контрола на оружјето и да се обврзе на регулиран аранжман за известување за сите лансирања на интерконтинентални балистички и вселенски ракети.
Пекинг соопшти дека дека тестирањето било дел од нејзините годишни воени вежби и дека бил спроведен во согласност со меѓународното право. Пекинг додаде дека релевантните земји биле однапред известени и нагласи дека тестирањето не било насочено кон ниту една земја.
Сепак, лидерите во регионот, вклучувајќи ги Австралија, Јапонија и Нов Зеланд, брзо го осудија тестирањето на ракетата. Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека лансирањето покажало дека користењето на военото одвраќање како политичка алатка не придонесува за регионалната стабилност, туку ја зголемува загриженоста на соседните земји.
Инаку, Кина ретко јавно објавува за тестирања на своите балистички ракети, од кои некоис е способни да носат нуклеарни боеви глави. Во септември 2024 година, кинеската војска неочекувано лансираше интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава во Тихиот Океан, привлекувајќи го меѓународното внимание.
