САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 35 611 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5 647 586, од кои од кои 174 772 починале, а оздравеле 2 999 467 луѓе. Во изминатово деноноќие починале 1 056 лица во САД.
По најмногу дијагностицирани во светот следи Бразил со 3 407 354 инфицирани лица и 109 888 починати. Во последните 24 часа регистрирани се нови 44 119 ковид-случаи, а починале 1 234 лица. Од вкупниот број на дијагностицирани досега во Бразил оздравеле 2 478 494.
На трето место е Индија, каде во изминатото деноноќие регистирани се 65 022 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2 766 626 луѓе, од кои 53 023 починале, а оздравеле 2 035 143 лица.
Според податоците на „Ворлд о метер“ вебстраница која постојано ги ажурира податоците за состојбата со ковид во светот, досега дијагностицирани во светот се вкупно 22 250 195 лица, а од нив оздравеле 14 928 686 пациенти, а 782 320 ја игубиле битката.