Во македонските болнички капацитети има вкупно 359 хоспитализирани пациенти потврдени како позитивни на ковид-19. Од нив, 19 возрасни лица и осум деца се на лекување во болницата во Козле.
Според последните податоци на Министерството за здравство за состојбата со ковид во земјава, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 76. Од нив на кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти или вкупно се хоспитализирани 74. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.