Ако се погледне статистика за изминатите две години, земјава го има речиси истиот скор со кој е рангирана во групата „хибридни режими“ и единствено се поместува за едно место погоре или подолу
Магазинот „Економист“ во најновиот извештај за глобалниот индекс на демократија за 2020 година ја рангира Република Северна Македонија на 78-то место со резултат од 5,89, со што нашата земја е во групата на т.н. хибридни режими, каде што беше и претходните две години (2019 г. на 77., а 2018 г. на 78. место).
Од државите во регионот, полошо се рангирани Црна Гора на 81-то место и БиХ на 101-то место.
Подобар рејтинг имаат Албанија на 71. место, Србија на 66., Хрватска на 60. место, Бугарија на 52., а најдобро позиционирана е Грција на 37. место.
Прва според глобалниот индекс на демократија е Норвешка, втор Исланд, а трета Шведска. САД е на 5. место, Германија 14., Русија е 124., а Кина 151.

Последна на листата е Северна Кореја на 167. место.
Со индексот на демократија се опфатени 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категории – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи.
Со 5,97 поени на скалата од 0 (авторитарни режими) до 10 (целосни демократии) земјава и натаму останува во групата „хибридни режими“ каде што се сместени државите со индексни поени од 6 до 4.