Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат посочи дека веќе се поставени контурите кој од обвинетите ќе биде опфатен со амнестијата.
Рускоска е сигурна дека законот од затвор ќе ги спаси пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.
Сепак, обвинителката лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.
Што е со организаторите на протестите?
– Затоа ви кажав за сите останати ќе се одлучи во Јавното обвинителство на Македонија
Оваа воздржаност значи дека околу организаторите имате дилема?
– Па, јас на пример немам, ама не знам што ќе кажат колегите во републичкото обвинителство.
Мислите дека треба да останат обвинети?
– Јас лично мислам – да.
Напишете коментар