Блокирањето доаѓа по она што властите го нарекоа лажна приказна за полицајци кои одбиваат да се борат во Украина, се наведува во изданието на весникот на англиски јазик. Во сторијата се вели дека 11-те офицери си заминале дома и одбиле да одат во Украина
Рускиот медиумски регулатор „Роскомнадзор“ го блокира пристапот до изданието нанезависниот весник „Москва тајмс“ на руски јазик, како реакција на објавена сторија за конфликтот во Украина, соопштија од весникот.
Блокирањето доаѓа по она што властите го нарекоа лажна приказна за полицајци кои одбиваат да се борат во Украина, се наведува во изданието на весникот на англиски јазик. Во сторијата се вели дека 11-те офицери си заминале дома и одбиле да одат во Украина.
„Москва тајмс„ започна да излегува во 1992 година, а онлајн верзијата на руски јазик се појави во март 2020 година. Блокадата се однесува само на изданието на руски јазик.
„Роскомнадзор“, исто така, го блокираше пристапот во Русија до вебстраниците на англиски, француски и руски јазик на „Radio France Internationale“, но нема објаснување за овој потег.
Независните медиуми, вклучително и Би-би-си, се ограничени во Русија со наредба со која се бара од нив да се потпираат на руски официјални извештаи за војната во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална операција“.
Новиот руски закон наметнува затворски казни до 15 години за објавување наводни „лажни“ информации за руската војска.