Повлекувањето значи дека руските сили целосно ќе се повлечат од регионот на западниот брег на реката Днепар

На руската армија и е наредено да се повлече од украинскиот Херсон, единствениот регионален главен град што го зазедоа од почетокот на инвазијата во февруари, јавуваат странските медиуми.
Рускиот командант во Украина, генерал Сергеј Суровикин, изјави дека веќе не е можно да се снабдува градот и додаде дека предложил воспоставување одбранбени линии на источниот брег на реката Днепар.
Повлекувањето значи дека руските сили целосно ќе се повлечат од регионот на западниот брег на реката Днепар.
„Под овие околности, најразумната опција е да се организира одбрана по линијата на бариерата долж реката Днепар“,
рече Суровикин на состанокот со високи воени лидери.
Соопштението уследи набргу откако руските медиуми објавија дека заменик лидерот на Херсон, Кирил Стремусов загинал во сообраќајна несреќа. Стремусов се смета за еден од главните поборници за окупацијата на Херсон, тој пред само шест дена предупреди дека е „најверојатно“ руските сили да мора да се преселат на источниот брег.
Руската одлука уследи по неколкунеделното напредување на украинските сили во градот и руските напори за евакуација на повеќе од 100 000 жители на Херсон.
Пред неколку недели, украинските сили започнаа офанзива за ослободување на Херсон.
Областа околу Херсон е единствената територија под руска контрола на западниот брег на Днепар.