Законите за анексија треба да ги потврди и Федералниот совет, каде што без опозиција само се потврдуваат политиките на Кремљ
Долниот дом на рускиот парламент едногласно ги усвои законите за анексија на четири украински региони, три дена откако Владимир Путин ја одобри на свеченоста во Кремљ.
„Одлуката е донесена едногласно. Во Руската Федерација има 89 субјекти“,
кажа спикерот на Думата, Вјачеслав Володин.
Законите за анексија треба да ги потврди и Федералниот совет, каде што без опозиција само се потврдуваат политиките на Кремљ.
Москва минатата недела го почна формалниот процес на припојување на Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје, иако ниеден од овие региони не е под целосна руска контрола, а украинската војска е во противофанзива на истокот и југот.