Рано утрово почна рускиот напад врз Украина, експлозии се регистрирани речиси низ цела држава. Се информира за навлегување на руски воени единици од повеќе правци
Почна руската операција во Украина – воените сили на Русија истрелале проектили врз неколку града и почнале со навлегување на украинска територија како дел од „специјалната воена операција на истокот“, како што во своето обраќање ја нарече претседателот Владимир Путин.
По настапот на Путин, кој беше пренесуван од руските медиуми, се слушнале експлозии и во главниот град на Украина, Киев.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напишат дека Путин започнал целосна инвазија на Украина и додаде дека мирните украински градови се нападнати.
„Ова е агресивна војна. Украина ќе се брани и ќе победи. Светот може и мора да го запре Путин. Време е да се дејствува“,
напиша Кулеба.
Реагирајќи на инвазијата што САД ја очекуваат со недели, американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговите молитви се со народот на Украина додека е под неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили.
*веста се надополнува