Одлуката на руското МНР следува по протерувањето 70 руски дипломати од страна на Софија во јуни годинава
Русија денеска прогласи за персона нон грата 14 бугарски дипломати како одговор на протерувањето на 70 руски дипломати од Амбасадата на Русија во Софија на крајот на јуни
Во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи стои дека Москва смета оти протерувањето руски дипломати од Бугарија ги нарушува традиционалните врски меѓу двете земји и дека Западот е подготвен да ги жртвува интересите на своите партнери само за да ѝ наштети на Русија.
Истовремено во документот се посочува дека овие потези на Софија кон Москва немаат ништо заедничко со националните интереси на Бугарија и нејзиниот народ.
„Оваа мерка е одговор на целосно неоправданата одлука на бугарската страна да прогласи за непожелни 70 вработени во нашите институции во странство и да воведе квоти за дипломатски, административен и технички персонал на Русија во Бугарија“,
соопшти руското Министерство за надворешни работи.
На почетокот на јуни Бугарија прогласи 70 руски дипломати за перосна нон грата кои работеле против интересите на земјата, изјави за новинарите премиерот Кирил Петков на крајот на јуни годинава.
Еден ден по протерувањето на дипломатите, Русија затвори два конзулата во Бугарија.