Руското Министерство за одбрана тврди дека ниту еден дел од руската воена опрема, а исто така и ниту еден војник, не останале на западната страна на реката која го опфаќа Херсон, главниот град на регионот
Руското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата за повлекување на руските сили од западниот брег на реката Днепар во јужниот украински регион Херсон е завршена, јави режимската руска новинска агенција ТАСС.
Во дневниот брифинг со новинарите, Министерството за одбрана соопшти дека сите руски сили и опрема се префрлени на левиот, односно источниот брег на реката Днепар. Повлекувањето беше завршено во 5 часот по московско време, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руското Министерство за одбрана тврди дека ниту еден дел од руската воена опрема, а исто така и ниту еден војник, не останале на западната страна на реката која го опфаќа Херсон, главниот град на регионот.
Овие тврдења не се независно потврдени.