Русија планира да почне масовно вакцинирање против ковид-19 во октомври, изјави министерството за здравство Михаил Мурашко.
Планот за масовното вакцинирање доаѓа откако, според него, завршило клиничкото испитување на вакцината кое го спроведуваше дрватниот институт „Гамалаја“ и во моментов се подготвуваат документите за регистрирање на вакцината.
Мурашко најави дека први кои ќе бидат вакцинирани се лекарите и наставниците, додека поширокото вакцинитање ќе биде во октомври.
Агенцијата „Ројтерс“ оваа недела објави дека првата потенцијална вакцина на Русија во август ќе добие одобрение од локалното регулаторно тело и набргу ќе им се достави на здравствените работници за користење.
Сепак, „Ројтерс“ наведува дека брзината со која Русија ја развива и сака да ја стави во употреба вакцината ги натерала западните медиуми да се посомневаат дали на сметка на науката и безбедноста, Москва се обидува да стекне национален престиж.
Шефот на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Димитриев, пак, овој успех на Русија го спореди со лансирањето на сателитот Спутник од Советскиот сојуз во 1957 година.