Рускиот инвестициски фонд соопшти дека може да ги обезбеди вакцините во следниот квартал од годината
Москва му соопшти на Брисел дека Русија може да ѝ обезбеди на Европската унија 100 милиони дози од вакцината „спутник В“, за вакцинирање на 50 милиони жители на Унијата.
„Спутник В“ е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот, а таа постапка беше завршена во август 2020 година. Компанијата што ја произведува, како и руските регулаторни тела, изјавија дека има заштита и до над 90 проценти.
ЕУ се наоѓа во голема неволја со планираната имунизација на жителите поради неиспорачувањето на нарачаните вакцини од компанијата „Астра зенека“, поради што Брисел и раководството на оваа фармацевтска компанија веќе две недели се во војна. Имунизацијата во ЕУ сега може да биде спасена од овие понудени руски вакцини.
„Рускиот инвестициски фонд, што стои зад производството и дистрибуцијата на руската вакцина „спутник В “, соопшти дека во текот на следниот квартал од годината може на ЕУ да ѝ обезбеди 100 милиони дози од оваа вакцина“,
наведе Фондот на официјалниот профил на Твитер.
After completion of the main part of mass vaccination in Russia, RDIF can provide EU with 100 mln doses of #SputnikV vaccine for 50 mln people in Q2 2021 (subject to EMA approval). Sputnik V is registered in 15 countries and documents have been submitted for EMA rolling review. pic.twitter.com/27Ncwns24n
— Sputnik V (@sputnikvaccine) January 29, 2021