Бројот на приведени за време на денешните протести во Русија за поддршка на опозиционерот Алексеј Навални изнесува над 3 000, велат набљудувачите, пренесува „Би-би-си“.
Се протестираше во повеќе градови, а само во Москва се уапсени повеќе од 1 000 лица. Од Кремељ засега нема официјален коментар.
Бројките во последните неколку часа постојано се менуваа врз основа на извештаите од групите кои ги мониторираа денешните протести.
На протестите учествуваа десетици илјади луѓе, а „Би-би-си“ наведува и дека ова биле најголемите протести против претседателот Владимир Путин во последните неколку години.
На демонстрациите имаше силно полициско присуство, а во Москва дојде и во судири во кои полицијата удираше по демонстрантите.
„Путин е крадец“, Срамота“, „Слобода за Навални“ се дел од паролите кои беа скандирани денеска во повеќе руски градови.
На овие протести повика Навални, кој на 17 јануари беше уапсен на аеродромот Шереметјево веднаш по пристигнувањето од Германија, каде беше пренесен на лекување по обидот за труење. Руските власти го обвинија дека ја прекршил условната казна бидејќи откако беше отруен замина на лекување во Германија.
- (ВИДЕО) Приведени повеќемина приврзаници на Навални на московскиот аеродром Внуково
- Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва
- ЕУ бара итно ослободување на Навални – руските власти одговорија: Ќе одлучи судот
- И САД го осудија апсењето на Навални: Бараат безусловно ослободување
- Русија не реагира на меѓународните повици за Навални: Ова е внатрешно прашање