Руската компанија „Росатом“ почнува со изградба на двa нови нуклеарни реактори во Унгарија, соопшти шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од стартот на градењето.
„Ова е голем чекор. На овој начин Унгарија долгорочно ќе обезбеди енергетска сигурност и ќе ги заштити Унгарците од неконтролираниот раст на цената на енергијата“,
вели Сијарто.
Реакторите се очекува во функција да бидат до 2030 година.
Во 2014 година Русија и Унгарија постигнаа договор за проширување на постојната нуклеарна постојка „Пакс“. Таа во моментот обезбедува 40 отсто од електричната енергија во Унгарија, а со дополнителните два реактори капацитетот ќе биде повеќе од двојно зголемен.