Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска изјави дека клиничното испитување на вакцината против коронавирусот е завршени и се подготвува документација за нејзина регистрација.
Како што јавува агенцијата ТАСС, Мурашко најавил дека масовната вакциниција ќе стартува во октомври.
„Веднаш штом ја добиеме потврдата дека е регистрирана, почнувае со примената на вакцината. Први ќе ја добијат вработените во здравствениот и во образовниот сектор а потоа сите останати“,
го цитира ТАСС рускиот министер за здравство.
Агенцијата Ројтерс од неименувани извори дознава дека првата потенцијална вакцина против ковид-19 е развиена во Националниот истражувачи центар за епидемиологија и микробиологија Гамелеја, а дека уште во текот на август таа ќе добие дозвола за употреба од руската регулаторна агенција.
Но, дел од експертите се загрижени поради брзината со која Русија а и Кина, ги развиваат своите вакцини.
Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините додавајќи дека се надева оти Кинезите и Русите ќе ги тестираат своите вакцини пред да ги дадат на некого.