Четири ракети биле пресретнати над југозападниот руски регион Белгород и еден над регионот Ростов на Дон на југ. Украинската армија информира дека биле пресретнати девет дрона. Воениот гувернер Серхиј Лисак, исто така, пријави два пожара
Повеќе објекти се оштетени во Русија и во Украина во меѓусебните напади со беспилотни летала и ракети во текот на изминатата ноќ, соопштија властите во Москва и во Киев.
„Пожар избувна во нафтената рафинерија Волгоград откако беше соборен дрон“,
изјави гувернерот на тој руски регион Андреј Бочаров во објава на Телеграм.
Тој рече дека пожарот бил брзо локализиран и дека нема жртви или повредени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека биле соборени седум дронови, пренесува ДПА.
Четири ракети биле пресретнати над југозападниот руски регион Белгород и еден над регионот Ростов на Дон на југ. Двата руски региона граничат со Украина. Уште два дрона се соборени над регионот на Волгоград, соопшти руската армија. Нема информации за евентуална штета.
Власите во Киев, пак, соопштија дека Украина се соочила со ноќни напади со 14 беспилотни летала и две руски крстосувачки ракети „овод“, познати во НАТО како „кингболт“. Како и претходната ноќ, главна цел на нападите биле енергетски објекти во индустрискиот регион Днепропетровск.
Украинската армија информира дека биле пресретнати девет дронови. Воениот гувернер Серхиј Лисак, исто така, пријави два пожара. Речиси 15 000 луѓе се без струја во регионот Днепропетровск. Некои линии од јавниот градски превоз се откажани, а делови од градот се без вода.