Два други медиуми – „Медуза“ и „Радио Либерти“ – исто така се блокирани
Руските комуникациски власти го ограничен пристапот до рускиот сервис на Би-би-си во земјата, јавува државната новинска агенција РИА.
Два други медиуми – „Медуза“ и „Радио Либерти“ – исто така се блокирани, се вели во соопштението.
Ова е продолжување на серијата мерки кои се преземаат против критичките медиуми во земјата, откако вчера агенцијата Ројтерс објави дека Руската радиостаница „Ехо на Москва“, еден од последните преостанати либерални медиуми во Русија, беше распуштена од нејзиниот одбор откако беше под притисок поради нејзиното критичко известување за руската инвазија врз Украина.