Арапското име на македонското здружение е „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“

Македонско здружение се најде на листата на 35 субјекти кои Египет, со одлука на Кривичниот суд во Каиро, ги додаде на своите листи на терористички субјекти и терористи за период од пет години, објави порталот „Религија“.
Арапското име на македонското здружение е „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“.
Одлуката вчера е објавена во „Службен весник“.
Листата на наведени субјекти вклучува 35 организации, институции, здруженија и совети, но и 36 поединици.
Меѓу организациите наведени во одлуката има исламски здруженија и институции од Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија и од други европски земји.
Од регионот на листата се ставени организациите „Идна културна асоцијација“ од Албанија, „Културна фондација за наука и образование“ од Косово, „Арапско-грчки центар за култура и цивилизација“ од Грција и „Здружение Акос за образование и култура“ од Босна.
BREAKING: Egypt has placed 35 Europe-linked Islamist organizations on its terror list. Muslim countries are now sanctioning European entities for being too extreme. Let that sink in. https://t.co/DRymLzi0Ta
— Eyal Yakoby (@EYakoby) November 11, 2026
Македонската организација е наведена во списокот објавен од египетската новинска агенција МЕНА и во извештаите на египетските медиуми. Засега, како што додава порталот, нема доволно јавно достапни податоци за нејзиното точно правно име и регистрација во Македонија. Од јавно достапниот список на граѓански организации, со податоци од Централниот регистар, постои регистрирано здружение „Исламски младински форум – Скопје“. Египетската листа го наведува арапското име, кое индиректно како превод се поклопува со името на оваа организација. Но, тоа не мора да значи дека станува збор за истата организација.
