Сè уште нема податоци за загинати или повредени. Зеленски изјави дека нападот врз Мариупол е терор, кој ќе се памети со векови. Тој тврди дека Русија извршила воени злосторства во градот, каде тешките борби сега стигнаа до центарот
Уметничко училиште во Мариупол, каде што се засолниле околу 400 луѓе во Мариупол е нападнато и уништено, тврдат градските власти, јавува Би Би Си.
Зградата се користела како засолниште за жени, деца и стари лица. Градските власти ги обвинија руските сили дека го извршиле нападот.
„Луѓе се уште се под урнатините“, се вели во соопштението. Сè уште нема податоци за загинати или повредени.
Украинскиот претседател Вододимир Зеленски изјави дека нападот врз јужниот пристанишен град Мариупол е терор, кој ќе се памети со векови. Тој тврди дека Русија извршила воени злосторства во градот, каде тешките борби сега се стигнати до центарот.