По осомничениот, кој пукајќи од автоматско оружје уби осум и рани повеќе од 10 лица, трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција
Осомничениот за масовното убиство во близина на Младеновац , 21-годишниот Урош Б., е уапсен во околината на Крагуевац, дознава РТС.

Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи на Србија за апсењето, а повеќе информации се очекуваат за подоцна во текот на денот.
По осомничениот, кој пукајќи од автоматско оружје уби осум и рани повеќе од 10 лица, трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција.
Напаѓачот Урош Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.
Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде што ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематично лице кој бил од соседното село Долна Дубона.
Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години.
Поврзани вести:
- 600 специјалци трагаат по напаѓачот кој уби 8 и рани повеќе од 10 лица кај Младеновац – една од жртвите има 15 години
- (ВИДЕО) Ново пукање во Србија: Седум ранети, има и убиени
- Српски медиуми: Расте број на мртви – тројца убиени кај Младеновац, напаѓачот сè уште пука?
- Најмалку осум мртви кај Младеновац, напаѓачот сè уште во бегство – можно е да држи заложници?
- Српскиот министер за внатрешни работи: Ова е терористички акт