РТС во своите вести во 16 часот и 30 минути направи петминутна репортажа за протестот во Нови Сад, на кој денеска учествуваа неколку десетици илјади студенти и граѓани, а по првпат во нивните извештаи се најде и снимка на која се гледа колку граѓани се собраа. Веројатно ова беше една од причините што владејачката партија преку соопштение на својата веб-страница „ги предупреди граѓаните на Србија дека тоа е злоупотреба“
Владејачката Српска напредна партија (СНС) го нарече скандалозно денешното известување на Радио-телевизијата на Србија (РТС) за протестите во Нови Сад и оцени дека тимот ги прекршил сите правила и вредности на објективно и непристрасно новинарство.
Претходно РТС во своите вести во 16 часот и 30 минути направи петминутна репортажа за протестот во Нови Сад, на кој денеска учествуваа неколку десетици илјади студенти и граѓани, а по првпат во нивните извештаи се најде и снимка на која се гледа колку граѓани се собраа.
Evo da imate malo, ako niste ovde pic.twitter.com/3q4xlEIxmn
— Aleksandar Vasovic (@0Vaske) February 1, 2025
Веројатно ова беше една од причините што владејачката партија преку соопштение на својата веб-страница „ги предупреди граѓаните на Србија дека тоа е злоупотреба“, јавува „Данас.рс“.
„Оние кои треба да го претставуваат јавниот сервис на граѓаните на Србија најбрутално, застанувајќи на страната на политичарите кои сакаат да го урнат уставниот поредок на Србија, ги прекршиле сите новинарски кодекси и грубо ја злоупотребиле новинарската професија“,
се додава во соопштението на СНС.
Оттаму ги информираа дека во наредните денови ќе ги иницираат сите потребни процеси и ќе направат сѐ што можат за, како што наведуваат, „да ги заштитат институциите на Србија, сѐ со цел да се спречи државата да биде понатамошна понижена и јавноста да не биде измамена на невиден начин“.
Во соопштението на СНС не е наведено од кој дел од извештајот на РТС се незадоволни. Во прилогот на РТС немаше коментари, само две појавувања на новинари од местото на настанот и неколку изјави на студенти, по што беа емитувани неколкуминутни изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерот во заминување Милош Вучевиќ, наведува „Данас.рс“.
Како што пренесе Бета, откако СНС го осуди известувањето на РТС во попладневните вести – професионално изработен прилог за студентските демонстрации бил емитуван и на главната информативна емисија – Дневник во 19:30 часот.
По седумминутниот прилог, во кој имаше инсерти на кои се гледа колку се масовни протестите, водителката на Дневникот прочита соопштение од СНС во кое се тврди дека извештаите се непрофесионални и скандалозни и оцени дека РТС ги „прекршила сите правила и вредности“ со нив и „објективното и непристрасно новинарство“, јави Бета.