Според редакцијата на РСЕ, документот треба да се усвои утре од Советот за општи работи
Босна и Херцеговина (БиХ) најверојатно утре (13 декември) ќе добие кандидатски статус за полноправно членство во ЕУ, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) повикувајќи се на документ во кој редакцијата имала увид.
Овој документ ќе се најде како точка за усвојување пред Советот за општи работи на ЕУ, од кој дел се министрите надлежни за европски прашања во земјите-членки на ЕУ.
Последни кои добија кандидатски статус се Украина, Молдавија и Грузија. Дека тоа може да го добие и БиХ, од Брисел најавуваа и изминатиот период.
„Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им доделивме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за Босна и Херцеговина“,
изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на 25 ноември.