Потегот доаѓа само два дена пред одржувањето на прелиминарните избори во државата Њу Хемпшир, каде што според анкетите се предвидуваше дека тој ќе заврши зад своите конкуренти – Трамп и поранешната американска амбасадорка во Обединетите Нации Ники Хејли, пренесува „Ен-би-си њуз“

Гувернерот на американската држава Флорида се откажа од трката да стане претседателски кандидат на Републиканците на изборите во САД и го поддржа својот противник, поранешниот претседател Доналд Трамп.
ДеСантис ја објави својата одлука на својот профил на платформата Икс (поранешен Твитер).
“Success is not final, failure is not fatal: it is the courage to continue that counts.”
— Ron DeSantis (@RonDeSantis) January 21, 2024
– Winston Churchill pic.twitter.com/ECoR8YeiMm
Потегот доаѓа само два дена пред одржувањето на прелиминарните избори во државата Њу Хемпшир, каде што според анкетите се предвидуваше дека тој ќе заврши зад своите конкуренти – Трамп и поранешната американска амбасадорка во Обединетите Нации Ники Хејли, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Претходно се одржаа прелиминарни избори во државата Ајова, каде што Трамп убедливо ги победи ДеСантис и Хејли.
„Сега, по освоеното второ место во Ајова, се помоливме и одлучивме за патот понатаму. Да имаше нешто што може да донесе добар исход, како повеќе средби или повеќе интервјуа, ќе го направев тоа. Но, не можам да барам од нашите поддржувачи да го трошат своето време како волонтери или да донираат ресурси. Немаме чист пат до победата. Со оглед на тоа, денес ја прекинувам мојата кампања“,
рече ДеСантис.
Според него, било јасно дека мнозинството гласачи што учествуваат на републиканските прелиминарни избори сакаат да му дадат уште една шанса на Трамп.
„Тој ја има мојата поддршка бидејќи не можеме да се вратиме на ланската републиканска гарда, препакувана форма на корпоратизам што е претставена од Ники Хејли“,
додаде ДеСантис.
Хејли, која води кампања во Њу Хемпшир, реагираше на информацијата посакувајќи му среќа на ДеСантис во понатамошната кариера.
„Сакам да му порачам на Рон дека беше одличен учесник во трката. Беше добар гувернер и му посакувам се најдобро. Сега остануваме уште еден господин и една дама“,
рече таа, пренесува „Ен-би-си њуз“.