Министерството за одбрана категорично ги отфрла извештаите дека руски беспилотни летала експлодирале на романска територија и повтори дека руските напади врз украинската цивилна инфраструктура се неоправдани и се против меѓународното право
Романското Министерство за одбрана денеска ги демантираше тврдењата дека руски беспилотни летала паднале и експлодирале на романска територија во ноќен напад врз украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.
Министерството за одбрана категорично ги отфрла извештаите дека руски беспилотни летала експлодирале на романска територија и повтори дека руските напади врз украинската цивилна инфраструктура се неоправдани и се против меѓународното право.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека руски беспилотни летала се урнале и експлодирале на романска територија во понеделникот вечерта за време на руски напад врз украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.
Романија е членка на НАТО алијансата.
„Според украинската државна гранична служба, синоќа при масовен руски напад во близина на пристаништето Измаил, руски ‘шахед’ паднал и експлодирал на територијата на Романија. Тоа е уште една потврда дека рускиот ракетен терор претставува голема закана не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на соседните земји, вклучително и земјите членки на НАТО“,
напиша на Фејсбук украинскиот функционер Олег Николенко.