Експериментот со плунка на Мединскиот факултет во Скопје, кој ги изедначи резултатите за присуство на цијаниди кај пушачи и непушачи, предизвика лавина реакции во јавноста.
„Ме загрижија, ама не ме изненадија.“
„Страшно, па еве кашлици долготрајни.“, ни кажаа анкетираните граѓани на протестот во саботата пред Собранието.
Новиот индикатор за аерозагадувањето го одмолчаа само најповиканите.
„Се сеќавате кога последен пат министерот за животна средина излегол на прес-конференција за аерозагадувањето?
Не, не се сеќавам, јасне ни знам кој е министер за тоа ресорно министерство, ниту го знаеме во јавноста, ниту сме виделе нешто тој да преземе.“
„Заменикот излегува понекогаш, министерот не го знам.“, велат граѓаните.
Како на резултатите од експериментот гледаат здравствените власти.
„Зборував со професорката и се договоривме да се направи некое друго попрецизно истражување.“, посочи министерот за здравство Венко Филипче.
Дали алармантните резултати од експериментот и зачестените граѓански протести ќе ја принудат власта на акција веднаш?
„Пап-непар, забрана за сообраќај, итн. Многу порадикални мерки, последиците се многу сериозни и големи.“, предупредува професорот по хемија Трајче Стафилов.
——————————–
Една недела по настапот на советничката од ДОМ во Советот на општина Центар, Бети Дејанова, во кој обзнани застрашувачки резултати од експеримент спроведен на Медицинскиот факултет, каде што е професорка.
Нејзините колеги, кои од меѓусебни расправии го пропуштија нејзиниот апел за натпартиска дебата, повторно ги побаравме за да видиме дали во Советот сега е променета перцепцијата за аерозагадувањето.
„Заедно со нејзе со сите останати советници веќе работиме на подобрување на состојбата на тоа што ние како општина можеме да го направиме заради подобрување на квалитетот на воздухот.“, вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.
„Ние како советници треба да придонесеме заедно.
Како кога се препукувате цело време?
Јас… таа седница дојдовме неспремни, немаше никакви мерки, како советници, имаше само дневен ред. Ние мислевме дека градоначалникот ќе предлага мерки кои ние ќе ги прифатиме за граѓаните.“, тврди Васко Робовалиев, советник во Советот на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
Присутните роданиди во примероците од плунка во експериментот на професорката Дејанова укажаа дека постои интоксикација со цијаниди кај речиси сите тестирани – студенти и вработени на Институтот за физиологија во Скопје. По 30 години спроведување на истиот експеримент, годинава првпат резултатите се исти и кај оние што пушат и кај оние што не пушат.
„Со оглед на тоа што аерозагадувањето е во последниот период поинтензивно, ни даде за размислување дали евентуално би можело да биде ова причина токму од околината, односно од животната средина, која што сите сме свесни дека е загадена.“, предупреди проф. д-р Бети Дејанова во нашата претходна емисија.
Професорот Трајче Стафилов од Институт за хемија при ПМФ не е изненаден од резултатите.
„Користењето на дрвната маса за загревање на домаќинствата претставува еден од изворите на цијаниди во негова емисија при согорување на дрвото како горивно средство, пред се факот на поголема емисија имаат одредени видови на дрва, особено зелените дрвја. Пластиката е голем извор на цијаниди, но истотака и материјали кои се наоѓаат во домаќинствата коишто на ваков или таков начин се депонираат како отпад, а тоа се мебелите,гума истотака. Така што во таква состојба на неконтролирано горење, без прочистување на отпадните гасови, како што е тоа во домаќинствата нели, емисијата на цијаниди е реална, можна е, и докажана и општо позната во светот.“, вели Стафилов.
Труење со токсичните цијаниди најчесто се регистрира кај пожарникари, при интервенција во објекти што горат, оти различните видови материјали при спалување создаваат цијаниди.
„Еве ги границите на експозиција, една минута со 3,4 PPM ако ги има во воздухот е смртна доза.“, објаснуваше Стафилов.
Министерот за здравство, Венко Филипче, се заинтересирал за случајот што го обелодени неговата колешка Дејанова.
„Секако дека резултатите загрижуваат на некој начин, заради тоа што значи дека и воздухот којшто го вдишуваме е навистина загаден. Во таа смисла, тоа е едно испитување кое се прави наназад со години. Јас се сеќавам декадури и за време на моите студии ги правевме тие анализи на плунката.
-Но првпат вакви резултати се добиваат.
Да, токму тоа сакав да кажам. Би било интересно доколку тие резултати се негде запишувани, да ги споредиме за сите овие години. Има други многу посовремени методи, којшто може и поспецифични анализи да се прават. Така да, се согласи професорката и веројатно ќе се направи една таква организација.“, тврди Филипче.
Државата нема официјално мерење за токсичните цијаниди во воздухот. Нашите прашања и обидите да добиеме коментар од ресорното министерство за животна средина беа целосно игнорирани. Во интервју за вестите на Алсат, министерот Садула Дураку самиот прогласи капитулација во битката со овој проблем.
„За да се намали загадувањето на воздухот во државата потребни се стотици милиони евра. Со буџетот што го имаме во државата невозможно е да се направат сите чекори со кои би се намалило загадувањето на воздухот.“, кажа министерот.
Ваквиот однос е потврда на извештајот на врховните ревизорски институции од 15 држави во Европа, заедно со Европскиот суд на ревизори, во кој се констатира дека во Македонија не е соодветно спроведена владината политика за квалитет на воздухот, на национално и локално ниво.
„Ревизорите препорачуваат државата да ги ажурира сите законски и подзаконски акти за да постигне целосна хармонизација на националното законодавство со Директивата на ЕУ за квалитет на амбиенталниот воздух, да воспостави целосен систем за размена за податоци, да обезбеди пари за одржување на мониторинг-станиците, да формира централизиран систем за мерењата и да обезбеди сеопфатни информации за квалитетот на амбиенталниот воздух. Процесот на имплементација е бавен оти за Република Македонија нема санкции на ниво на ЕУ ниту пак постојат национални и локални санкции за непочитување на целите на политиките за квалитет на воздух.“, се констатира во Извештајот од Европската организација на врховни ревизорски институции.
„Ние излеговме во име на министерството со одредени препораки, меѓутоа вистинските резултати доаѓаат тогаш откога ќе се отстрани причината за загадувањето и во таа насока е имплементирањето на оваа стратегија.
-Зошто немаат поинтензивна комуникација тие комисии за здравство, за животна средина, значи да се делува брзо и радикално, бидејќи навистина се гушиме секој ден.
Знаете тоа е процес, никој не очекува, а и вие сте свесни дека нешто може да се случи преку ноќ, меѓутоа добро е што се почна и за првпат се одвои така сериозна сума на пари за да се инвестира во овој процес, заради тоа што тоа е и процес, меѓутоа и сериозна инвестиција.
-И за тоа има коментари дека не се доволни парите.
Ова е одличен почеток, секако дека буџетот ќе се надградува, заради тоа што сме ние решени дека ова е еден од приоритетите кадешто навистина треба да се инвестира, заради тоа што нашите граѓани тоа го заслужуваат.“, вели министерот Филипче.
Ништо подобра не е ситуацијата и на ниво на локална власт. Градоначалникот Богдановиќ вели дека мораториумот за градби во Центар ја ублажува ситуацијата, но вистински спас гледа во приклучување на централниот систем на затоплување на околу 73.000 домаќинства на ниво на градот што сега се греат несоодветно.
„Знаете дека се работи топлификационата мрежа, Градот Скопје веќе презема некои иницијативи и одлуки, со кои што ќе го преземе управувањето со топлификационата мрежа, тоа е процес што никој не го направил десет години наназад, а целта е да го зголеми бројот на домаќинства кои ќе се греат на централно греење, а нема да биде на греењето како досега, каде што ќе користат ќумур, дрва, каде што се најголемите загадувачи.
-Се гушиме буквално, значи потребни се брзи и радикални мерки.
Да, значи брзи и радикални мерки имате. Едното е мерки при зголемено загадување, тоа се мерки кои никогаш не биле преземени.“, вели Богдановиќ.
Дури и за рестрикции во сообраќајот, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов во интервју за интернет порталот novatv.mk, вели дека нема законска моќ и дека за тоа ќе се чека уште една година. За тоа време низ градот ќе сообраќаат 76.000 стари возила.
„Рестрикција на автомобили ви прочитав во одредени урбани зони, на пример, пар-непар, и за тоа треба една година да помине?
Апсолутно да, таква можност законска до носењето на овој закон, градоначалникот на Скопје немаше. Сега донесен е законот, треба година дена заради техничките прегледи во циклусот во којшто влегуваат возилата да се мапираат.
Ама мора прво да се мапираат, не може пар-непар да се спроведе?
Не можеме сега, тоа само може министерот за внатрешни работи да го направи.
Вие не се познавате со министерот за внатрешни работи?
Да ве потсетам дека сте потпретседател на СДСМ.“
И додека институционално се редат оправдувања, граѓаните повторно излегоа на улица. Најавија и радикализација на протестите.
„Додека ние и нашите деца се трујат по болници, да дадат отчет како тие ја заработуваат својата плата и што во текот на денот сработиле за почист воздух.“
„Проверете, болниците се полни со деца, секое второ дете страда од респираторни проблеми, едноставно живееме во општество кое ни е екоцидно.“
„До властите само.. ќе не носите на совест ова што го правите.“, порачаа граѓаните.
Напишете коментар