Располагаме со задоволителни количества на крвни продукти, информираат од Институтот за тарнсфузиона медицина – Скопје.
Тие велат дека заедно со Црвениот крст изготвиле стратегија, план и распоред на крводарителски акции за следната недела кои ќе бидат објавени на 22 март 2020 година. Доколку има потреба, како што се наведува, ќе се промени врз основа на епидемиолошката анкета како превентивна заштитна мерка за ширење на коронавирусот.
Се замолуваат сите крводарители да ги следат препораките и да не даруваат крв ако во последните 28 дена патувале надвор од земјава, ако имаат симптоми на настинка, кашлаат и киваат, имаат зголемена телесна температура, чувствуваат малаксаност и имаат отежнато дишење. Не треба се дарува крв и ако сте биле во контакт со некој што патувал или лице со сите овие симптоми.