Осумнаесет месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот, Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници
Градот Канбера пак, е на пат да стане град со најголем број вакцинирани во светот, откако локалните власти најавија дека до оември ќе се вакцинира 99 отсто од населението кое влегува во групата на оние кои треба да се вакцинираат
Бројот на новозаразени во австралиската сојузна држава Викторија е најголем од почетокот на пандемијата, во пресрет на неделата во која главниот град Мелбурн ќе излезе од неколкумесечен карантин, поради брзиот раст на бројката на вакцинирани.
Властите во Викторија во четвртокот објавија 2 297 новозаразени со коронавирус, што претставува зголемување за повеќе од 700 случаи од претходниот ден и најголем дневен број од која било австралиска држава од почетокот на пандемијата. Регистрирани се и 11 починати.
Викторија се приближува до процентот од 70 проценти вакцинирани, што е граница поставена од властите за укинување на неколкумесечниот карантин.
Од друга страна, Сиднеј, главниот град на Нов Јужен Велс, бележи пад на нови случаи. Денеска се регистрирани 407 случаи, што е значително помалку од 1 599 на почетокот на септември.
Градот излезе од карантин на почетокот на оваа недела, по повеќе од сто дена строги мерки, а повеќе од 80 проценти од неговите жители постари од 16 години се вакцинирани.
Од почетокот на пандемијата во Австралија, која има 25 милиони жители, 1 495 луѓе починаа како резултат на ковид.
Канбера пак, е на пат да стане град со најголем број вакцинирани во светот, откако локалните власти најавија дека до оември ќе се вакцинира 99 отсто од населението кое влегува во групата на оние кои треба да се вакцинираат.
Осумнаесет месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот, Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници.