Осумнаесет месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот, Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници
Влез во земјата за почеток ќе им биде дозволен на сите оние што имаат престој во Австралија, а се вакцинирани во странство, ако се австралиски државјани или ако имаат семејство во земјата
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека границите за странските туристи ќе бидат отворени дури од следната година.
Во интервју за австралискиот Канал 7, Морисон зборуваше за приоритетите и отворањето на границите кои беа затворени од март 2020 година.
„Ако сте биле вакцинирани двапати во странство и престојувате во Австралија, ако сте австралиски државјанин и ако сте член на семејството, можете да патувате“,
рече Морисон.
Странските туристи во овој период, не се на листата на приоритети, и најави дека тие ќе можат да влезат во Австралија од 2022 година.
Како што рече, следниот приоритет се оние што доаѓаат во Австралија за образование.
Во Австралија се очекува процентот на целосно вакцинирани да достигне 80 проценти до крајот на октомври.
Во моментов, 57,4 проценти од граѓаните имаат целосна имунизација, а 79,9 проценти добиле барем една доза.
И покрај строгите мерки преземени од 25 јануари 2020 година, кога вирусот првпат беше регистриран во Австралија, вкупно 115 859 луѓе заболеле од ковид-19, а 1 355 починале како резултат на инфекцијата.
Во моментов во Австралија се регистрирани 23 354 активни случаи, а 298 од 1 535 хоспитализирани пациенти се на одделенија за интензивна нега.
Осумнаесет месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот, Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници.
Според оваа одлука, вакцинираните Австралијци од следните недели ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, откако во земјата ќе се постигне целта на 80 проценти вакцинирано население.