Во реконструираната Општа болница во Гевгелија се гради хирушка сала со современа медицинска опрема, како и центар за дијабетес и оддел за физикална терапија во кои се инвестирани вкупно 375.000 евра. Денес болницата ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче.
„Особено за издвојување е изградбата на новата хирушка сала и набавката на новата медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра. Болницата сега располага и со нов ехо апарат на одделот за рентген дијагностика и комплетно реновирани одделенија на хирургија, нервно и за гинеколошко-акушерски болести“,
истакна Заев.
Премиерот посочи дека со сериозни вложувања во гевгелиската и други болници во земјава Владата ја потврдува својата цврста определба за градење одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните.
„Од денеска е ставена во функција новата хирушка сала после 60 години за прв пат во оваа болница направена по највисоки стандарди со соодветни градежни карактеристики, со најсовремени апарати за анестезија и лапораскопска хирургија, како и најсовремен хирушки стол“,
истакна министерот за здравство Филипче.
Филипче нагласи дека ова е само дел од работите кои изминативе две години се изведуваа во гевгелиската Општа болница.
„Во изминативе три години, благодарение на оваа Влада, се издвоени преку 30 милиони евра за зголемување на платите на здравствените работници и драго мие е што сè помалку ја напуштаат нашата земја“,
рече Филипче.