Што туристите гледаат во каталозите и на социјалните мрежи, а со што се соочуваат во реалноста
Филтери, кадри, фотомонтажи во само неколку кликови ја претвораат неугледната реалност во убавина, што понекогаш предизвикува разочарување кај туристите кои потрошиле многу пари за да отпатуваат дури и на другиот крај на светот за да видат куп ѓубре или од сосема поинаков призор од оној што го виделе на фотографиите.
Ниту туристичките агенции не се толку наивни во своите каталози да стават реални прикази на одредени популарни дестинации, бидејќи на тој начин никој не би посакал да патува. Тешко е да се поверува дека во кој било каталог ќе видиме кадар на кој Таџ Махал е опкружен со куп ѓубре или мајмуни, или Саграда Фамилиа во облак од смог или пирамидите во чад од запалени отпадоци.
Но, дури и во овие случаи, не значи дека некој така лесно ќе се откаже од патување на некои од најубавите места во светот, но добро е да се знае дека реалниста може да се разликува од очекуваљата, особено за најизвиканите дестинации.
Дотерувањето на фотографите со помош на апликации и филтри на многумина им дава сигурност да објават некои ситуации на социјалните мрежи кои инаку не би се осмелиле да ги споделат. Но, некои претеруваат во средувањето на своите фотографии, па одредени локации не наликуваат на реалните места.
Една таква ситуација е местото Карангасема на Бали каде туристите одат за да се фотографираат на славниот храм Лемпујанг, кој уште се нарекува Вратите на рајот.
Тука туристите сакале да ја направат фотографијата која е многу популарна на социјалните мрежи – лицето стои на средина на храмот, а целиот призор се рефлектра во водата што дава впечаток на беконечност.
Но кога дошле до Лемпујанг, сфатиле дека во близина нема никаква вода и дека целата слика е всушност Инстаграм измислица. Не само што со помош на филтри се менува бојата на небото, туку некои дури користат огледало под мобилниот телефон за да ја создадат таа илузија на вода.
Освен тоа и редовите пред храмот се речиси секогаш долги и мора да се члека со часови за да се сними таа лажна фотографија за Инстаграм. Поради тоа, многу од туристите оставаат и лоши рецензии на Трип адвајзор.
Со цел да ги разбијат илузиите за некои познати светски дестинации, се почесто на социјалните мрежи се поставуваат фотографии „Реклама VS реалност“. Еве некои од нив.
Извор: dnevnik.hr