Како што информираат од РКЕ, се анализираат клучни елементи кои влегуваат во крајната цена на горивата а тоа се берзанските котации на нафтените деривати и курсот на доларот во однос на денарот
Во тек се пресметки чии резултати ќе покажат дали се исполнети предусловите Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесе нова одлука за цената на горивата или не.
Како што информираат од РКЕ, се анализираат клучни елементи кои влегуваат во крајната цена, а тоа се берзанските котации на нафтените деривати и курсот на доларот во однос на денарот.
Со измените во Правилникот за формирање највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, се овозможува Регулаторната комисија за енергетика да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати на дневна основа доколку берзанските цени имаат значителни промени.
„Со измените во правилникот се предвидува дека доколку берзанските цени и/или курсот на доларот во однос на денарот предизвикаат зголемување или намалување во малопродажната цена поголемо или еднакво на 2,00 денари за литар за моторни бензини, дизел гориво и масло за горење, односно 0,300 денари за килограм за мазут, во однос на утврдените цени во последната одлука, тогаш РКЕ ќе донесе нова одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати“,
порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Пред два дена, со одлука на Регулаторната комисија, цената на бензините се зголеми за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари.
Ваквата одлука беше донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавија дека ќе носат одлуки за цените на горивата на дневно ниво доколку има потреба.