Влора Речица, истражувачка во Институтот за демократија во вечерашната дебата на „360 степени“, вели дека членство на С Македонија во Европската Унија не е главен фактор за соживот меѓу двете најголеми заедници во земјава.
Според неа, Македонците, Албанците и другите заедници се толерираат меѓусебе, но тоа е различно од интеграција.
„Некој може да толерира некого 10 или 20 години, но ако нема вистинска интеграција тогаш не може да продолжиш заеднички живот. ЕУ – да, беше фактор кој ја држеше заедно албанската, македонската и другите заедници. Но, ЕУ не е главен фактор за интеграција на Албанците и за заедничко општество. Главниот фактор за заедничко општество во Македонија е благосостојбата на народот. Да има добри услови за живот“,
вели Речица.