Според „Ворлд о метерс“, во моментов има 946 илјади лица во светот што се заразени со коронавирусот.
Од нив 48 илјади се починати, а 200 илјади се целосно оздравени.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, изрази длабока загриженост поради брзото глобално ширење на коронавирусот, кој зафати 205 земји и територии.
Тој истакна дека СЗО, Светска банка и ММФ ги поддржале програмите за помош на земјите во развој, со цел да се изборат со социјалните и економските последици од пандемијата.
Гебрејесус нагласи дека во изминатите пет недели е регистриран речиси експоненцијален раст на бројот на нови заразени случаи, а бројот на починати е повеќе од двојно зголемен минатата недела.
„Во следните денови ќе достигнеме бројка од еден милион потврдени случаи на зараза од ковид-19 и 50.000 жртви во светот“,
предупреди генералниот директор на СЗО.