Вкупно 393 лица кои се позитивни на ковид-19 се лекуваат низ билниците во земјава, а од нив три лица се на респираторна машина. Дополнително уште шест деца и шест мајки кои се хоспитализирани се водат како суспектни на вирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле, покрај суспектни пациенти хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ во последното деноноќие примени се четворица пациенти, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои три на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска беа регистрирани рекордни 317 лица позитивни на коронавирусот, а починаа четири лица.