Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт. Кремљ ги отфрли сите обвинувања
Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.
„Веројатно ќе ве разочарам, но Навални почина од тромбоза. Тоа е повеќе или помалку потврдено. Ова не се податоци од Интернет, туку, за жал, тоа е природна смрт“,
изјави Буданов, пренесува „Украинска правда“.
Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт. Кремљ ги отфрли сите обвинувања.
Навални почина на 16 февруари во затвор на Арктикот, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам.
Државната затворска служба објави дека Навални починал од синдром на ненадејна смрт, откако му се слошило додека шетал низ затворската колонија.
Вчера властите го предадоа телото на Навални на неговата мајка.