Тој беше опфатен со реконструкцијата на Владата
Разрешениот министер за култура и туризам Зоран Љутков не се врати како актер во матичниот Драмски театар туку продолжи како национален координатор за култура во владата на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Независен“.
Тој беше опфатен со реконструкцијата на Владата, а неговата министерска позиција ја наследи Седат Сулејмани, кој претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер.
Поранешниот министер Љутков, а сега национален координатор, е актуелен во јавноста откако неодамна предизвика реакција од раководството на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП) поради неговите изјави околу наводни предлози за укинување на оваа национална установа.
Реагираше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата, „Струшките вечери на поезијата“ наместо самостојна национална установа да бидат сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот.
