Смртните случаи се резултат на недостиг од ракети за воздушна одбрана, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски
#Київ: 4 особи загинули та 23 постраждали через масовану атаку на столицю! Попередньо, влучання, руйнування та пожежі зафіксовані у Святошинському, Дарницькому та Солом’янському районах.
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) August 20, 2026
Детальніше: https://t.co/V0SgekdbfX pic.twitter.com/vgencostR2
Бројот на загинати во последните руски напади насочени кон украинскиот главен град се искачи на 13, додека 40 се повредени, јавува Би-би-си.
Најновите напади врз Киев започнаа околу полноќ по локално време, кога низ градот се огласија сирени за воздушен напад, проследени со удар од околу 20 руски ракети.
Станбени блокови и магацини беа погодени низ градот изминатата ноќ, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина, додека детска болница и училиште беа, исто така, оштетени.
Нападите ја прекинаа струјата на илјадници имоти, потопувајќи делови од регионот на Киев во темнина.
Смртните случаи се резултат на недостиг од ракети за воздушна одбрана, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кои Киев се потпира на западните сојузници.
Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко за Би-би-си изјавил дека Украина е „апсолутно незаштитена“ од напади со балистички ракети и „не може ништо да направи“ без пресретнувачи. Тој додава дека Русија го користи тој факт, обидувајќи се да уништи што е можно повеќе инфраструктура.

Во објава на Телеграм, Зеленски вели дека „сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир“.
Најновите податоци од украинските воздухопловни сили утрово имплицираат дека ниту една од руските балистички ракети што биле употребени во текот на ноќта не била пресретната.
Руското министерство за одбрана соопшти дека користело воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини.
